Жири членовите имаа тешка, но пријатна работа да ги селектираат финалните 100 постери од вкупно 2674 постери кои се однесуваат, ги промовираат и ги потцртуваат потребите и проблемите со кои се среќаваат секој ден луѓето со посебни потреби.

На 8. Скопјепостер меѓународен студентски конкурс на тема „Сите за луѓето со хендикет“ кој траеше 6 месеци 1869 студенти од 52 земји од сите континенти аплицираа вкупно 2674 плакати.

Жири членовите – Паула Трокслер (Швајцарија), Ласко Џуровски (Македонија), Гец Грамлиш (Германија), Петер Поч (Унгарија), Петер Банков (Русија) направија 2 онлајн селекции, пред главната која ќе се одвива во живо утре и задутре во Скопје. Онлајн селекцијата ги одреди 100 постери кои ќе бидат дел од главната изложба на 8. Скопје постер фестивал, кој ќе се отвори во понеделник, на 30 ноември, а ќе трае до 05 декември. Програмата –> 8. Скопје постер фестивал

Честитки на сите финалисти! Но ова е само загревање пред она што следи, за 2 дена ќе ги знаеме и победниците на 8. Скопјепостер МСКП 🙂

На следниот линк може да ги погледнете финалистите: Финалисти на 8. Скопјепостер конкурс

 

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster