Здружението на дизајнери „Плакарт“ во соработка со Британскиот совет во Македонија и со поддршка на Министерството за култура на РМ организираа конференција за креативни хабови – модел за здружување на креативците и уметниците кој ќе придонесе за развој на креативниот сектор во државата.

„Идејата на конференцијата е да презентира еден модел кој постоеше во ЈУгославија претходно. Креативен хав е всушност тоа што беше поранешниот ОЗТ – Организација на здружен труд. Во неа сите партиципираат во креирањето одредени политики, дизајнерите имаат место за реализирање на активности, а притоа се одговорни за самиот простор и одржување. Овој модел треба да стане реалност, модел кој ќе ги згрижи креативците” – истакна Лазе Трипков, организаторот и претседател на Плакарт, на отворањето на конференцијата.

На презентацијата на Линзи Смит, од Британскиот совет во Глазгов, таа појасни дека хабот има повеќе значења, кој е првенствено колектив кој работи во реконструиран простор кој претходно имал поинаква намена(на пр. фабрика, занаетчиски комплекс), кој може да претставува склоп на креативни бизниси и дејности, а со него управува едно или повеќе лица.  Линзи го претстави проектот Креативен Единбург, каде таа била директор до 2013 година и ги објасни моделите за финансирање на креативното здружување, како и искуствата на еден ваков мултидисциплинарен проект.

„Хабовите се многу добар начин за етаблирање на креативните заедници и влијае на економскиот развој. Јавниот сектор треба да биде цел на секој хаб, затоа што токму во него треба да се бара шансата за пошироката јавност да ја свати нивната улога. Во Обединетото Кралство започнавме со мапирање на оваа гранка пред 20тина години и сфативме дека имаат значителен придонес за развој на економијата – 85% од глобалната економија е создадена од микро хабови, мали и средни претпријатија“ – рече Смит.

Конференцијата е чекор напред во постигнување на целта за креирање на услови за формирање на хабови и платформи од ваков тип.

„Оваа конференција ќе овозможи да се посветииме на ширење на таа мрежа на хабови, ако е тоа потребно, и да ги разгледаме сите постоечки модели. Првото истражување за креативните индустрии во Македонија го направивме во 2009 во соработка со Британскиот совет. Имаме годишен конкурс за проекти од оваа област и директно поддржуваме идеи за кои мислиме дека се репрезентативни“ – рече Борче Николовски од Секторот за евроинтеграции во Министерството за култура.

На ова се надоврза Лазе Трипков, кој додаде дека нашите креативци и културни проекти имаат потреба од конкретни политки и стратегии кои, на среден, но и на долг рок ќе дадат поддршка за формирање повеќе платформи/хабови и дека се надева дека токму заклучоците од конференцијата ќе помогнат на институциите да ги насочат своите политики во правата насока.

Наредната презентираше Џилијан Исон од Креативен Данди, проект благодарение на кој овој град бил вброен на листата на Унеско како единствен град на дизајнот од Обединето Кралство.

Џилијан потенцираше дека за да создадеш креативен хаб, не е потребен физички простор. Впрочем Креативен Данди е проект кој функционира во дигиталниот свет, на интернет и претставува база на нејзините членки, која пружа можност за меѓусебни проекти и соработка.

Следната презентација на конференцијата ја водеше Реља Бобиќ од белградската платформа за креативци – Нова Искра, простор кој градот Белград го отстапил на овој тим составен од млади креативци. Овој вид на здружување е карактеристично по тоа што претставува одлично опремен простор управуван од тимот на Нова Искра, а каде секој може да изнајми простор за симболична цена, а воедно како член да ја користи мрежата на соработници и потенцијални партнери. Реља истакна дека приходот на сите нејзини членки, кои се неколку стотици,  во минатата година достигнала имспресивни 70.000 Евра.

За придобивките од организација на настани поврзани со дизајнот и архитектурата како за општините, така и за локалниот развој и култура говореше Љубо Георгиев, директорот на One Architecture Week од Пловдив, Бугарија. Љубо во својата презентација стави акцент на тоа дека овие проекти мора и треба да ја добијат соодветнта поддршка од институциите. Така One Architecture Week и One Design Week се преселиле од Софија, каде не ја добиле поддршката од градските власти, во Пловдив, општина во која благодарение на овие два проекти и нивната огромна посетеност заживеале малите и средните бизниси, пред се од услужната и од туристичката дејност.

Мета Штулар ја затвори последната 3 конференциска сесија. Во своето излагање таа го претстави успешниот проект Рог Лаб – Музеј и галерии од Љубљана, кој е воедно производствен, истражувачки  и изложбен простор од само 30м2, лоциран на терен кој е сопственост на главниот град на Словенија. Во негови рамки досега успешно се спроведени проекти од различни дејности, на пример производство на готов продукт за помош на луѓето со посебни потреби како дел од иницијативата „Design DisABILITY“, а постојан дел од програмата на Рог ЛАб е неделни обуки и работилници за деца и креативци со учество на нивните професионални работници, техничари, механичари и др. Овој проект е дотолку успешен што има добиено дозвола да се пресели од мал комплекс во бившата фабрика за познатата марка за велосипеди – Рог, инвестиција вредна десетици милиони Евра.

Конференцијата беше затворена со заеднички заклучоци на организаторите и учесниците дека главна и основна појдовна точка треба да биде разбирањето на залагањата на креативците од страна на градските власти и интистуциите кои се занимаваат со развој на екомонијата, културата и социјалните и трудови политики. Од друга страна беше лоциран проблемот на истакнат индивидуализам кај македонските дизајнери, уметници, кои сеуште имаат дилеми дали има потреба од здружување и кои се придобиките од истото. Претставниците на хабовите од регионот и Обединетото Кралство истакнаа дека проблемите се секаде исти, и се појавиле подоцна или порано, но дека со цел да направи исчекор кон елиминирање на предизвиците треба да се делува здружено и пред релевантните институции и при реализација на взаемни иницијативи кои имаат за цел развој на креативниот дух.

По конференцијата Линзи Смит и Џилијан Исон ја менторираа работилницата „Формирање креативни хабови“ која резултираше со издвојување три основни идеи на кои треба да се поработи со цел да се постигнат погоре споменатите предизвици: ревидирање на едукативниот систем и воведување школски предмети со креативен предзнак, потребата од заедничко организирање и промовирање на креативците и превземање конкретни чекори со цел создавање меѓусекторски непрекинат дијалог помеѓу претставниците на креативните индустрии и институциите на системот.

Погледнете ја фото-галеријата од конференцијата: 

Конференција за креативно здружување

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster