Објавено е новото осмо издание на Меѓународниот студентски конкурс за плакат Скопјепостер. Младите талентирани дизајнери ќе имаат можност да работат на плакати со пораки на тема „Сите за луѓето со хендикеп“.

Од Плакарт изјавуваат дека „главната цел на овој конкурс е креирање и промовирање подобри можности и еднакви права за луѓето со посебни потреби“. Мотото „Сите за луѓето со хендикеп“ мора да го отсликува ова прашање и да промовира еднакви можности и права за луѓето со посебни потреби. Дизајнерите ќе имаат задача да се борат против дискриминацијата и нееднаквоста како и на свој начин да се причинат луѓето со хендикеп да бидат третирани како еднакви членови на заедницата. Еден од главните приоритети е и промовирањето на позитивни пораки за сите аспекти на инвалидноста – долгорочни боледувања, проблемите со мобилноста, проблеми со запознавање и изучување,  нарушена перцепција…

Да се подобрат условите за живеење на луѓето со посебни потреби, да се идентификуваат и да се понудат алтернативи за надминување на бариерите и табуата и да се причиниме за создавање поотворено општество е крајната цел на 8. Меѓународен студентски конкурс за плакат.

Крајниот рок за поднесување на постери е 20ти ноември 2015 година. Меѓународното жири составено од еминентни дизајнери ќе биде објавено многу наскоро, а наградите се како и секоја година примамливи – двајца победници ќе бидат подеднакво наградени со учество во жири селекцијата на 9. Скопје постер фестивал(со покриени трошоци), организација на изложба на негови плакати во 2016 година и доделен ќе им биде ICOGRADA Цертификат.

Овогодинешниот конкурсен промотивен дизајн е дело на дизајнерот Борут Вилд.

За повеќе информации за конкурсот погледнете на следниот линк:

 https://skopjeposter.com/mk/proekti/site-za-luge-so-hendikep/
Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster