Project Description

Конференцијата за креативнo здружување

Информации за проектот

Дата:   16 декември 2015

Локација: Кинотека на Македонија, Скопје

Здружението на дизајнери „Плакарт“ во соработка со Британскиот совет во Македонија и со поддршка на Министерството за култура на РМ организираа конференција за креативни хабови – модел за здружување на креативците и уметниците кој ќе придонесе за развој на креативниот сектор во државата.

Во 3те конференциски сесии учество земаа Борче Николовски од Секторот за евроинтеграции во Министерството за култура, Линзи Смит од Британски cовет и Џилиан Исон од Creativе Dundee, како и лидерите на креативни проекти од поширокиот регион Реља Бобиќ – Nova Iskra од Белград, Љубо Георгиев – One Architecture Week од Софија и Мета Штулар – RogLab од Љубљана.

По завршувањето на конференцијата се одржа и работилница на тема „Формирање креативни хабови“ со целни задачи: дизајнирање на визијата за креативниот сектор во Скопје во 2025, создавање креативен хаб, дефинирање на неговите цели и планови и моделите за негово спроведување.