Црвен крст на град Скопје  во соработка со Здружението на графички дизајнери „Плакарт“ и со поддршка на Трансмет – Скопје објавува награден конкурс на тема: „Дарување крв, младост, хуманост“… Доброволното дарување крв претставува одраз на високи етички, хуманирани и моралнив редности. Да се дарува крв и да се спаси нечиј живот, воден од алтруистички побуди е благородно дело.

Во насока на промовирањето и унапредување на крводарителството на територија на нашиот град, Црвен крст на град Скопје е активен во овој процес преку низа активности, кампањи и крводарителски акции. Промоцијата ја реализира преку редовни крводарителски акции, гостувања во медиуми, печатење на промотивни материјали и информативни флаери, мотивирање на младата популација. Во склоп на Црвен крст на град Скопје активно функционира и Клуб 25 – Клуб на млади крводарители мотиватори кои ги поттикнуваат своите врсници да се вклучат големото семејство крводарители.

Со цел промоција на крводарителството, мотивирање и поттикнување на младите, Црвен крст на град Скопје објавува конкурс за изработка на идејно решение на тема „Дарување крв, младост, хуманост“. Конкурсот е отворен од 1 Март до 15 Април 2016 година.

Конкурсот е наменет за студентите на факултети / академии / колеџи за уметност и дизајн регистрирани како образовна институција и сите професионални дизаjнери без ограничување на возраста за пријавување. Секој учесник може да аплицира максимум три постери. Групни апликации не се дозволени.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

  • Плакатот треба да ја промовира темата „Дарување крв, младост, хуманост”.
  • Поднесениот плакат мора да биде со димензии 500 х 700 мм со резолуција 150 dpi во CMYK профил во формат PDF или JPG.
  • Фајловите не треба да бидат поголеми од 25 мб и треба да се испратат на електронската адреса skopje.mladi@redcross.org.mk не подоцна од 15 Април.
  • Сите користени фонтови треба да бидат векторизирани или растеризирани.
  • Не е дозволено користење на дизајни/материјали за кои не поседувате авторски права.

Изборот на најдобро идејно решение ќе го направи 3 (три) члена комисија составена од претставници од Црвен крст и Здружението на графички дизајнери „Плакарт“.

НАГРАДА

Авторот на најдоброто идејно решение ќе биде награден со викенд за 2 лица во х. Солферино Струга, како и можност идејното решение да биде поставено на промотивни материјали (флаери, постери, билборд) кои ќе се подготват и публикуваат согласно планираните активности на Црвен крст.

Дополнително, по повод 14 Јуни- Светски ден на крводарителството во РМ во просториите на Дневниот центар за дарување крв во ДХО Даре Џамбаз ќе се реализира настан посветен на промоција и унапредување на крводарителството во нашиот град. Во рамките на настанот биде подготвена изложба од сите пристигнати идејни решенија на тема „Дарување крв, младост, хуманост“. Настанот ќе биде медиумски промовиран.

Сите останати пристигнати идејни решенија авторите ќе ги отстапат на Црвен крст на град Скопје и во иднина истите може да бидат искористени исклучиво од Црвен крст во кампања, активност за промоција на крводарителството.

Организаторите го задржуваат правото да ги користат поднесените визуeлни решенија за презентација и медиумска употреба и за репродукција за промотивни цели во рамки на меѓународните промотивни активности и кампањи.

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster