Ви благодариме за Вашата поддршка и дружба во изминатата година.

Плакарт во 2015та Ви претстави разновидни настани. Ве водевме низ приказната на Скопје Креатива Фестивалот, потоа следуваше Скопје постер фестивалот,  а годината ја привршивме со Конференцијата за креативно здружување и хабови.

Изминатата година не помина без изненадувања и преседани, како концертот на Канда Коџа и Небојша, апсолутниот триумф на Каја Клешта на Скопјепостер конкурсот, одличниот фидбек и изразената потреба за развој на иницијативата за здружување на креативните сили. Дополнително плакатите од Скопјепостер отидоа до Полска, Црна Гора, Србија.

Тимот на Плакарт и оваа година ќе се потруди да понуди убави приказни. Уште на почетокот на новата година ќе Ве запознаеме со наш нов проект за препознавање на работата и делото на креативците, за чија реализација ќе побараме поддршка од Вас!

Во новата 2016та година Ви посакуваме достигнување на нови цели, реализирање на нереализирани соништа и беспрекорно здравје.

Убава новогодишна ноќ и среќни празници!

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster