Ви ги претставуваме новиот сет на презентации на гостите кои беа дел од фестивалот Скопје креатива 2015.

Оваа серија ја сочинуваат инспиративните приказни на Студиото Армада и неговиот основател Марко Миладиновиќ од Словенија, креативниот генијалец Слободан Јовановиќ од Coba & Associates од Србија и врвната полска артистка која се занимава со интервенција во јавен простор Изабела Рутковска.

 

Марко Миладиновиќ

Skopje Kreativa 2015 Marko Miladinovic

Марко е лидер на креативното дизајн студио Армада, чија специјалност е брендингот. Нивното портфолио е преполно со успешни визуални идентети и брендирања, како и концепти и развојни бизнис стратегии, на пример за брендот Johnnie Walker. Тие работат со клиенти кои ја препознаваат оригиналноста на идеите и го почитуваат квалитетниот дизајн како витален сегмент во позиционирањето на еден бренд на пазарот. На фестивалот, студиото  Армада учествуваше со изложба ЈУС за екс-југословенски производни и бренд икони, како и со работилница. Марко ни ја испрати и неговата моќна презентација со остварувањата на Армада, која ја претстави на публиката на Скопје креатива 2015.

Презентацијата –> Марко Миладиновиќ

 

Слободан Јовановиќ

Skopje Kreativa 2015 Slobodan Jovanovic

Слободан Јовановиќ и неговата агенција за дизајн и брендинг Coba & Associates се бесконечно инспиративна приказна. Тој ги завршува своите студии на престижната Академија за убави уметности во Фиренца, се враќа во Србија за време на воените балкански конфликти и се труди да го најде своето место за креативно изразување. Слободан ја поделил својата пасија  на две категории…Едната е дизајнот а другата е музиката. И до денес тој има остварено одлични музички сетови и фантастични дизајни и брендирања. Дополнително Цоба е основач на Designed.rs сајтот кој е еден од најпопуларните дизајн интернет страни во регионот.

Линкот од презентацијата –> Слободан Јовановиќ

 

Изабела Рутковска

Skopje Kreativa 2015 Izabela Rutkowska

Иза е сосема поинакво ниво  од претходно претставените момци. Таа ја формира фондацијата „Форми и облици“ која создава одлична интеракција помеѓу јавниот простор и учесниците на дадените настани.

Изабела прави невозможното да изгледа како да може да се постигне лесно. Нејзините проекти со огромниот еж спроведен во социјално загрозените заедници и со големата мечка-маскота која патувала низ цела Европа запирајќи во најпосетените и популарни места се едноставно прекрасни. Резултатите од овие и други акции спроведени од нејзиниот тим се дел од овие неколку десетици слајдови кои Рутковска се сложи да ги сподели со нашите читатели и фанови.

Уживајте –> Изабела Рутковска

 

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster