Отворањето на One Design Week, кој се одржува во Пловдив, е еден од најквалитетните дизајн фестивали во регионот. Осмото издание беше најавено како најбогато досега и организаторите не разочараа.

Во рамки на Неделата на дизајн Плакарт се претстави со две активности – изложба на 100 плакати финалисти од 8. Скопје постер фестивал на тема „Сите за луѓето со хендикеп“ и презентација на тема „Подигање на свеста кај јавноста за глобални проблеми преку социјален дизајн“.

Ова гостување на Плакарт беше искористено за две цели, првата е промоција на македонски дизајн проект на овој значаен фестивал во Бугарија – кој е пандан на сите проекти во кои Плакарт се јавува како организатор или партнер, а втората е промоцијата на млади студенти, вклучително од Македонија, преку изложбата на постерите од 8. Скопје постер конкурс на тема „Сите за луѓето со хендикеп“ – изјавија од Плакарт.

Изложбата со плакати беше отворена паралелно на отворањето на фестивалот на 10ти јуни и ќе биде отворена за посети до 19 јуни.

Презентацијата која се одржа на 12ти јуни во Домот на културата Борис Христов беше наменета за млади дизајнери и студенти по графички дизајн. Истата претставниците од Плакарт ја искористија за претставување на проектите кои во изминатите 9 години ги има иницирано или организирано Плакарт, како здружение кое работи на промоција на плакатот како уметничка форма и за етаблирање на професијата дизајнер преку предлози за промена на државните политики во таа насока и зголемување на поддршката на креативните индустрии. Акцентирана беше улогата на Скопје постер фестивалот како проект кој активно работи на промоција на млади дизајнери преку изложби и настани ширум светот. Беше упатена и покана до студентите дизајнери од оваа земја да се пријават на 9. Конкурс за студентски плакат на тема „Криза на идентитет“.

Фестивалот One Design Week кој пред да се пресели во Пловдив се одржувал во Софија е и еден од позначајните во регионот, за што говори посетата на претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев и принцезата на Кралството Холандија Лаурентиен. Понудата на ODW za 9 фестивалски денови е голема: изложби, презентации, работилници, детска програма, серија на активности со фокус теми Вишеград и Нордиски дизајн и дизајн форум кој ќе се одржи на 18 јуни и на кој гостуваат дизајнери од цел свет.

Оваа активност на Плакарт и партнерскиот проект за организација на фестивалот ШУНД во Белград се последни оваа културна сезона, а следните соработки се планирани од септември.

Фото – галерија од фестивалот: 

СПФ на One Design Week

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster