Project Description

1. МСКП 2008 | Толеранција-глобален предизвик |

 

 

Информации за проектот

Дата: 20 јуни 2008 – 5 јули 2008

Локација: Музеј на град Скопје, Република Македонија

Нашиот прв конкурс. Беше тешко, како и секој почеток, но чекоревме храбро и денес сме таму каде што сме благодарение на тоа.

Истата година ги добивме патронатите и поддршката на Министерство за култура, град Скопје и град Варшава.

Авантурата ја започнавме со несебичната поддршка од најреномираното Варшавско  постер биенале и од проф. Лех Мајевски, кому му ја доделивме улогата на почесен претседател на МСКП/Скопјепостер.

Членовите на меѓународното жири одржаа презентации за политичкото влијание и значењето на постерот во зголемување на толерантноста.

Поставката беше покажана на престижни локации истата година- Варшавскиот музеј на плакатот, Парламент на Чешка Република.

Жири: Јустина Черњаковска(ПОЛ), Јаша Розов(ИЗР), Саваш Чекич(ТУР), Лех Мајевски(ПОЛ), Карел Мишек(ЧЕШ), Ришард Кајзер(ПОЛ).

Победници: Александра Шекерко(ПОЛ), Aна Тодоровска(МКД), Ури Пелег(ИЗР).

 

Линк до проектот:

https://skopjeposter.com/mk/proekti/tolerancija-globalen-predizvik/