Project Description
Финалисти на 8 Скопјепостер „Сите за луѓето со хендикеп“
Информации за проектот
Дата: 30 ноември – 05 декември 2015
Локација: МКЦ/ МКЦ клуб/ресторан, Скопје
На 8. Скопјепостер меѓународен студентски конкурс на тема „Сите за луѓето со хендикет“ кој траеше 6 месеци 1869 студенти од 52 земји од сите континенти аплицираа вкупно 2674 плакати.
Жири членовите – Паула Трокслер (Швајцарија), Ласко Џуровски (Македонија), Гец Грамлиш (Германија), Петер Поч (Унгарија), Петер Банков (Русија) направија 2 онлајн селекции, пред главната која ќе се одвива во живо утре и задутре во Скопје. Онлајн селекцијата ги одреди 100 постери кои ќе бидат дел од главната изложба на 8. Скопје постер фестивал, кој ќе биде отворен на 30 ноември, а ќе трае до 05 декември.
Честитки на финалистите!
Напишете ни во коментарите дали ви се допаѓа некој од постерите, ако сте финалист пратете ни поздрав или едноставно споделете ја галеријата со вашите пријатели! 🙂