Project Description
Скопје креатива 2015 – Фестивал за креативни индустрии
Информации за проектот
Дата: 16 – 20 септември 2015
Локација: Плаја виста, Скопје
Плакарт, како здружение чија улога е меѓудругото да креира можности за размена на искуства и зголемување на промоцијата на македонските дизајнери надвор од земјава и преку овој проект се обиде да ја постигне таа цел.
Фестивалот за креативни индустрии – Скопје Креатива 2015 се одржа од 16 до 20 септември на Плаја Виста. Под мотото „Скопје – мојот град!“ во петте фестивалски денови се одржаа презентации, предавања, работилници, панел дискусии, форуми/дебати. Посетителите имаа можност да учествуваат на настани од сите креативни области – моден, индустриски и графички дизајн, како и филмски и видео перформанси, мултимедијални содржини, перформанси, маркетирање на креативци, додека во вечерните часови уживаа во специјално одбраната музичка програма идеално дозирана за сечиј вкус. Скопје Kреатива не ги заборави и најмалите – работилници за развивање на креативноста кај дечињата беа дел од богатата програма.