Од 30ти ноември до 05 декември во Скопје ќе гостуваат познати графички дизајнери од повеќе земји. Во нив рускиот дизајн магионичар, експерти по социјален и културен плакат и македонски реномиран типограф. Во пакетот се вклучени визуелни доживувања, предавања, добра дружба, афтер забава.

Скопје постер фестивалот по 8ми пат ќе се потруди да понуди визуелни уживања – изложби на постери, предавања на неколку имиња од светската дизајн сцена и секако добра забава и дружење.

На 30ти ноември со почеток во 20 часот ќе биде отворена изложбата на постери од 8. Скопје постер меѓународен студентски конкурс на тема „Сите за луѓето со хендикеп“. Неа ќе ја придружуваат изложбата на дела од победниците од минатогодишниот конкурс, како и детски цртежи од септемвриската работилница кои беа изработени под менторство на перспективниот млад дизајнер од Полска – Јан Бајтлик.

Како дел од придружната програма, наредниот ден, на 01 декември, публиката ќе може да ги посети предавањата на членовите на жирито. Предавањата ќе опфатат теми како проекти од културен карактер, социјален плакат, но и комерцијални проекти кои се дел од портфолијата на жири-членовите, a исто така и презентација за тоа како се развиваат дизајн проекти од идеја до реализација и презентација на тема „Руски дизајн“. Бројот на достапни места за презентациите е ограничен.

Новата атрактивна содржина на Скопје постер фестивалот е изложба на најзначајните и меѓународно признаените дела на членовите на жирито.

„Изборот на дела од Грамлиш, Џуровски, Поч, Банков и Трокслер ќе бидат изложени за времетраењето на Скопје постер фестивалот како издвоена специјална програмска активност, која од оваа година ќе стане стандардна во понудата за уживање. Таа активност заедно со изложбата на дела од победниците на конкурсот од минатата година го прави овој настан атрактивен и единствен во светот“ – изјави Лазе Трипков.

Членовите на жирито на 02 декември ве покануваат и на заедничко неформално дружење кое може да го искористите како можност за преглед на портфолиа, дискусиjа или едноставно кафе-муабет.

Изложбите ќе може да се погледнат од 30 ноември односно 01 декември до 05 декември.

Сите активности во рамки на програмата на 8. Скопје постер фестивал подолу.

Резервации за предавањата, на следниот линк: https://skopjeposter.com/mk/nastani/

 

8. Скопје Постер Фестивал | Сите за луѓето со хендикеп |

30 ноември – 05 декември 2015

 

30 ноември

11:00 – Прес конференција МКЦ Галерија

20:00 – Отворање изложба 8. Скопјепостер и прогласување победници | изложба – дела од победниците на 7. Скопјепостер | детски цртежи

 

01 декември

Презентации/работилници на жири членови

МКЦ – Џебно кино

11:00 – Кратка презентација на победниците на 7. МСКП Скопјепостер „Дизајн за мир“

11:30 – Паула Трокслер | Развивање дизајн идеи |

12:15 – Ласко Џуровски | Македонската кирилица – вчера, денес и утре |

13:00 – Гец Грамлиш | Гггенерално -комерцијални, културни и социјални дизајн проекти |

13:45-14:00 – Пауза

14:00 – Петер Банков | Руски графички дизајн |

14:45 – Петер Поч | Постери и идеи |

15:30 – Панел дискусија

 

20:30 Отворање изложба на | Постери на жири членовите | – МКЦ клуб/ресторан

22:00 Афтер  забава – МКЦ клуб/ресторан

 

02 Декември

10:00 – 14:00 Средби со студенти /дизајнери | преглед на портфолиа, дискусиjа, дружење | во МКЦ клуб/ресторан

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster