Студенти дизајнери од целиот свет беа по 8ми пат поканети да изработат постери кои се однесуваат на светските проблеми. Вкупно 2674 постери од 1869 учесници пристигнаа на конурсот.

Темата на 8. Меѓународен студентски конкурс за плакат – Скопјепостер на која работеа младите дизајнери од факултетите од Њујорк, Мајами, Њу Делхи, Даблин, Мадрид, Лисабон, Буенос Аирес, Џакарта, Гватемала, Москва, Пекинг, Сеул и многу други беше „Сите за луѓето со хендикеп“.

Осма година Скопје постер фестивалот е шанса младите дизајнери својот талент да го искажуваат преку моќни пораки за светските проблеми. Овој пат пристигнатите 2674 постери ги третираат, промовираат и потенцираат потребите и проблемите со кои се соочуваат луѓето со посеби потреби. На конкурсот, кој траеше 6 месеци, се пријавија дизајнери од 52 земји ширум светот и од сите континенти што е уште еден чекор понапред.

Жирито во состав: Геџ Грамлиш (Германија), Паула Трокслер (Швајцарија), Петер Поч (Унгарија), Петер Банков (Русија) и Ласко Џуровски (Македонија) ќе ги изврши една предфинална и една финална селекција, а победниците ќе бидат прогласени на отворањето на 8от Скопје постер фестивал на 30 ноември, во МКЦ Галеријата. Официјалните резултати од конкурсот ќе бидат објавени ден потоа на 01 декември 2015 година.

Во рамки на овогодинешното издание на фестивалот свои презентации на теми поврзани со социјалниот, културниот и комерцијалниот дизајн ќе имаат членовите на жирито.

Дополнително ќе ја отвориме издвоената изложба на најнаградуваните дела на петте жири членови во МКЦ клуб и ресторан, а веднаш потоа ќе се забавуваме со латино музика.

Целосната програма можете да ја пронајдете на: Програма на 8. Скопје постер фестивал

Skopje Poster

Skopje Poster

I am Skopjeposter and I am here to provide you with all needed informations. Please contact me in any matter!
Skopje Poster