Project Description

Скопска недела на дизајн 2012

 

 

Информации за проектот

Дата: 04-10 септември 2012

Локација: Куршумли Ан, Скопје, Република Македонија

Идејата беше многу очигледна. Скопје имаше потреба од овој настан. Претставниците на Плакарт заедно со партнерите посетија 30 фирми за да им ги презентираат плановите за Скопската недела на дизајнот. Повеќе од 15 го прифатија предзивикот да соработуваат со нас во рамки на програмските активности на СНД како партнери, поддржувачи, спонзори.

Скопската недела на дизајн 2012 се содржеше од три главни категории: изложби, работилници и земја во фокус-Финска.

Еден од главните цели на Плакарт беше да се вдахне меѓународен карактер на оваа дизајн манифестација, а најголемиот предизвик беше да се даде акцент на графичкиот дизајн како битен сегмент на СНД. И успеавме во тоа!

Со таа цел поканивме неколку релевантни дизајн меѓународни проекти и дизајнери да земат учество во настаните од официјалната програма, меѓу другите Едвард Чеховин, Рене Вавжкиевич, Карел Мишек и неговите студенти од Универзитетот од Усти над Лаба, нашите пријатели од Posterfortommorow.