Project Description

1. СП „Толеранција“ во Парламентот на Чешка Република

 

 

Информации за проектот

Дата: 20 мај – 15 јуни 2009

Локација: Долен дом на Парламентот на Република Чешка, Прага

Прва поконкурсната изложба на Плакарт во Прага, Чешка Република. Плакати од 1. МСКП, Скопје 2008 беа изложени во галерискиот простор во Долниот дом на Парламентот на Чешката Република. Оваа поставка се реализираше во соработка со град Прага, Министерство за култура на Република Македонија, град Скопје. Изложбата официјално ја отвори претседателот на Долниот дом на Парламентот, Милослав Влчек.

Оваа поставка беше дел од официјалната програма на Деновите на македонска култура во Чешка Република и беше прогласена за официјален културен настан во рамки на програмата на чешкото претседателство со Европската унија.

Караванот на изложби на 1. Меѓународен студентски конкурс за плакат го продолжува својето патување.