Project Description

1. СП „Толеранција“ во Истанбул

 

 

Информации за проектот

Дата: 27 декември 2009 – 7 јануари 2010

Локација: Факултет за убави уметности – Мармара Универзитет, Истанбул, Турција

Нашиот ценет пријател и поддржувач проф. Саваш Чекич и деканот Назан Еркмен не поканија да бидеме гости на посебно организиран настан. Мармара Универзиетот и Факултетот за убави уметности организираа презентација на Плакарт и Скопјепостер, како и изложба со постери од 1. МСКП Скопјепостер „Толеранција – глобален предизвик“. Голема благодарност до Саваш и Факултетот за уметност од Мармара Универзитетот!