Project Description

8 Скопје постер фестивал „Сите за луѓето со хендикеп“

Информации за проектот

Дата:   30 ноември – 05 декември 2015

Локација: МКЦ/ МКЦ клуб/ресторан, Скопје

На 8. Меѓународен студентски конкурс за плакат „Сите за луѓето со хендикеп“ – кој траеше 6 месеци, 1869 студенти од 52 земји од сите континенти аплицираа вкупно 2674 постери.

Жири членовите – Паула Трокслер (Швајцарија), Ласко Џуровски (Македонија), Гец Грамлиш (Германија), Петер Поч (Унгарија), Петер Банков (Русија) направија 2 пред-финални селекции од кои беа избрани 100 постери кои влегоа во финалето, а потоа и главната селекција во живо во Скопје на 30ти ноември. Отворањето на главната изложба, токму на 100те финалисти од Скопјепостер МСКП што се одржа на 30ти ноември во 20:00 часот, беше главниот настан на 8. Скопје постер фестивал.   Заедно со финалистите на „Сите за луѓето со хендикеп“ беше изложена и поставката специјална селекција на постери на членовите на жирито. Жири-членовите одржаа и свое предавање на тема социјален постер и дизајн и закажаа дружење со студенти и професионалци дизајнери со цел дискусија на тема дизајн или за прикажување на портфолјата на заинтересираните.  Целосната програма може да ја видите на следниот линк: Програма на 8. СПФ

Оваа година Ферхат Тунч и Аслихан Татлигил, победниците на 7. Скопјепостер конкурс „Дизајнерите за мир“, беа поканети во Скопје да земат учество во жирирањето  и да ги изложат своите постери за времетраење на фестивалот. Наредната година го очекуваме победникот од оваа година, полската студентка од Шчечин, Каја Клешта да ни се придружи за време на 9. Скопје постер фестивал.

Победници на 8. Скопје постер МСКП „Сите за луѓето со хендикеп“: Каја Клешта, Полска | Каја Клешта, Полска | Пиотр Депта, Полска – Специјална Икограда Награда | Почесни награди: Бо Јанг, Кина | Анна Јашчук, Полска | Фарзад Саеди, Иран | Дагмара Врона, Полска | Анке Клајн, Македонија | Амир Милс | Флавиа Мартинс, Португалија

Објавувањето на 9. Скопје постер Меѓународниот студентски конкурс за плакат е закажан за март 2016 година.

Пренесете ги своите импресии во коментарите подолу, споделете ја оваа галерија на социјалните мрежи! 🙂