Project Description
Полската школа на плакат
Информации за проектот
Дата: 18-26 април 2016 година
Локација: Музеј на град Скопје, Скопје
Претставувањето на изложбата на Полската школа на плакат пред македонската публика е ефект на соработката на Здружението на дизајнери „Плакарт“, Амбасадата на Република Полска во Македонија и Музејот на град Скопје и Музејот на плакат во Варшава.
Поставката „Полската школа на плакат“ претставува проект кој се однесува на дела од периодот од 1950-та до денес, а преку кој се доловува посебниот печат на плакатите од архивата на Музејот за плакат од Варшава чии автори се Томашевски, Лењица, Млодожењец, Швиежи, Старовиејски, Вашилевски, Мајевски, но и дела на помладите поколенија плакатисти – Кајзер, Каја, Черњаковска и Бајтлик. Изложбата ја надополнуваат дела од македонски претставник на полската школа на плакат, Лазе Трипков, како магистер на катедрата на Лех Мајевски на Академијата на убави уметности во Варшава.
На 20 април, во 12:00 часот, Лазе Трипков одржи предавање за студенти по визуелни комуникации и графички дизајн на тема „Полската школа на плакат“.
Изложбата ќе може да се погледне до 26 април, а потоа ќе биде поставена во неколку градови ширум земјава.
Повеќе информации
„Полската школа на плакат“ во Македонија