Project Description
Скопје постер фестивалот партнер на 7. ШУНД фестивал
Информации за проектот
Дата: 19-22 Мај 2016
Локација: Дом на културата Студентски град, Белград, Србија
Плакарт – Здружението на графички дизајнери, како организациски партнер на ШУНД фестивалот од Белград, изминатите 4 дена учествуваше во 7. издание на оваа студентска манифестација.
Изложба на 100те плакати финалисти од 8. Скопје постер фестивалот на тема „Сите за луѓето со хендикеп“ беше изложена како издвоена поставка. Во рамки на фестивалот беше отворена и изложба на дела од областа на убавите и применетите уметности.
Во рамки на фестивалот се одржа дводневна работилницата која ја водеше Славимир Стојановиќ за дизајнирање на плакати на темата на 9. Скопјепостер студентски конкурс за плакат „Криза на идентитет“. Плакатите кои беа изработени во рамки на работилницата, покрај поставувањето во рамки на ШУНД фестивалот, ќе земат учество и ќе бидат изложени за време на 9. Скопје постер фестивал од 20 до 30 ноември 2016 година.