Project Description
Скопска недела на дизајн 2013
Информации за проектот
Дата: 1-6 октомври 2013
Локација: Куршумли Ан, Скопје, Република Македонија
Преку 200 учесници од повеќе од 10 земји, 12 креативни работилници, 36 комерцијални изложби и 6 концерти на регионални групи. Тоа се настаните од програмата на 3. Скопска недела на дизајн чиј соорганизатор беше Плакарт. Учество во настаните кои се одржуваа помеѓу 01 и 07 октомври на оригиналното место во Стара чаршија – Куршумли Ан земаа дизајнери од регионот, Шведска, Норвешка, Велика Британија и Швајцарија-земја фокус на ова издание.
На 3. Скопска недела на дизајн победниците од 5. МСКП Скопјепостер беа наградени со соло-изложби на свои дела. Милад Агхазаден, Настасиа Котава и Игор Пивоварчик пристигнаа во Скопје за времетраењето на 3. СНД. Плакарт имаше активна улога во планирањето на програмските активности, а една од нив беше и изложбата на плакати од финалистите на 5. МСКП конкурс „Пари бесплатно“.